spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Зимската служба е на терен – досега фрлени 44 тони сол...

Центар: Зимската служба е на терен – досега фрлени 44 тони сол на улиците

Зимската служба и службите за одржување на хигиената на Општина Центар од рано утринава се на терен и го расчистуваат наврнатиот снег на улиците, тротоарите и јавните површини во општината. Особено внимание се посветува на критичните места, во подножјето на планината Водно.

Со 5 специјални возила за расчистување на снег се чистат коловозите, јавните површини, тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, а на улиците фрлени се и 44 тони сол за превенција од замрзнување на коловозот.

 

Се расчистуваат сите улици на територија на општината, а општината е во постојана комуникација со граѓаните, со цел навремено и ефикасно делување на терен.

Расчистувањето на снегот ќе продолжи и во текот на денот, а жителите можат да пријавуваат снежни наноси на телефонскиот број 076 381 673.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...