spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Голема акција за чистење на снежните наноси - Службите...

Кисела Вода: Голема акција за чистење на снежните наноси – Службите достапни 24 часа за жителите!

Голема акција за расчистување на снежните наноси се одвива од рано изутрина во општина Кисела Вода. На терен е општинската администрација заедно со сите сезонски работници. Со механизација се расчистува  снегот, се фрла сол на замрзнатите површини, со цел граѓаните да можат непречено да стигнат до своите работни места.

Исчистени се и приодите до градинките, тротоарите и пешачките патеки. Интензивно се работи на Теферич, во Припор, во Драчево, во моментов се чистат Пржино и Црниче. Ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници низ општината. Координирано, заедно со службите на градот Скопје се работи на расчистување на булеварите и автобуските постојки.

Согласно донесените одлуки од состанокот на кризниот штаб, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за неопходните потреби на граѓаните на располагање ги стави сите службени возила. Воедно, службите на Општината се достапни 24 часа за граѓаните кои имаа потреба од дополнителна интервенција за расчистување на напластениот снег. Контакт може да се оствари на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор), на contact​@​kiselavoda.gov.mk или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода.

Апелираме до сопствениците на деловните објекти да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот, а исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби. Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови  и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...