Потпишан е меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Занаетчиска комора на Република Северна Македонија за остварување на активна соработка и размена на информации, со цел создавање на меѓусебно партнерство во насока на креирање на поволно деловно опкружување и тоа:
Поттикнување, поддршка и логистика во спроведувањето на сите облици на соработка од заеднички интерес;
Размена на бизнис информации, неопходни за одржување на континуитетот на заемната соработка;
Заедничко планирање и организирање на презентации, трибини, работилници, форуми.
Промоција на заеднички активности;
Соработка и поддршка во остварување на национални, регионални и меѓународнип роекти;
Меѓународна соработка и активности во интерес на двете страни;
Извор: Општина Куманово