spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Димитриевски во посета на Општина Гњилане на инаугурација на етнографскиот музеј

Куманово: Димитриевски во посета на Општина Гњилане на инаугурација на етнографскиот музеј

Градоначалникот Максим Димитриевски беше во посета на Општина Гњилане  на покана на Градоначалникот на Гњилане Лутфи Хазири, заедно со Амбасадорот на ЕУ во Косово Томаш Суњог, на инаугурација на етнографскиот музеј во рамките на проектот „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“.

Проектот е дел од IPA II2014 и 2015 програмата, имплементиран во партнерство помеѓу Општина Гњилане и Општина Куманово и финансиран преку програмата за прекугранична соработка.

Во општина Куманово проектот предвидува партерното уредување на меморијален центар Костурница во Куманово, со кој во проектот се предвидени 3 фудбалски игралишта со вештачка трева , терен за тенис и кошарка, заедно со детско катче, трим патека помеѓу игралиштата и шумата , трим патеката ке се направи на веќе постоечка патека , помеѓу патеките ќе се стават фитнес справи за вежбање, клупи, канти за отпадоци и канделабри.
По завршување на уредувањето планирано е организирање на прекугранични фестивали и спортски турнири на кои младите ќе имаат можност заедно да се натпреваруваат, да се дружат и да се забавуваат.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...