Карпош: Наградени Еко – училниците: Спој на Корисно и Урбано

ОпштиниКарпош: Наградени Еко - училниците: Спој на Корисно и Урбано
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Еко – училницата на основното училиште „Димо Хаџи Димов“ (Влае) го освои првото место на јавниот повик на општина Карпош, за најдобро уреден училишен двор или дел од дворот. Второто место и припадна на училницата на отворено на ООУ „Братство“ (Тафталиџе 2), а третото место го доби основното училиште „Лазо Трповски“ (Карпош 3).

 

Еден од условите беше овие училници да се направат со заеднички труд на наставниот кадар, учениците и родителите и за нив да се користат еко – материјали. Токму заедничкото креирање, осмислување на еден простор, придонесува кај младите да се развива поголема свест за јавните добра. Да ги чуваат предметите, инвентарот, а притоа да создадат нешто корисно за себе, за училиштето, за околината.

 

Изборот го направи посебно формирана комисија, составена од членови на Советот и стручни служби од Секторот за животна средина и енергетска ефикасност. За прворангираното училиште се додели награда од 50.000 денари, за второрангираниот 30.000 денари, а 20.000 денари финансиска поддршка е доделена за освоеното трето место.

 

  • Сепак, паричната поддршка е само еден начин на мотивација, а најважно е тоа што се стекнува во целиот процес на креирање на овие простори. Учениците и наставниците комуницираат надвор од она што е училишна материја, се поттикнува креативноста, свеста за животната средина, а на крајот се создава нешто вредно за сегашните и идни генерации, рече при доделувањето на наградите градоначалникот Стефан Богоев.

 

Директорката на „Димо Хаџи Димов“, Весна Кочовска, исто така изрази  задоволство за првата награда, но пред се, за тоа што го поминале во процесот на креирање. Особено е важно кога нешто се создава со љубов, другарство и поддршка од повеќе чинители, изјави Кочовска.

 

Општина Карпош за прв пат распиша ваков јавен повик. Идејата потекнува од програмата на градоначалникот, сите дворови на училиштата да прераснат во спортско – рекреативни центри, места за дружба и маалски соживот, но и од она што веќе го направи ООУ „Лазо Трповски“.

Имено, токму ова училиште, уште пред две години, по идеја на педагогот Рената Поповска ја направи првата еко – училница. Таму училиштето одбележа дел од својот патронат, а учениците прославија и полуматура.

 

  • Иако денеска „Лазо Трповски“ го освојува третото место, тие поставија стандард и поттикнаа креативност која вреди многу повеќе од награда. Во оваа прилика им благодариме, рече Богоев.

 

На настанот беа истакнати и еко – училници на уште три основни училишта, при што добија пофалници: „Вера Циривири – Трена“, „Христијан Тодоровски – Карпош“ и „Петар Поп Арсов“.

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img