spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Зелени налепници за сите Енергетско ефикасни Јавни објекти

Карпош: Зелени налепници за сите Енергетско ефикасни Јавни објекти

Преку доделување на зелени налепници на сите јавни објекти под надлежност на општина Карпош (детски градинки, основни училишта и административни објекти), локалната самоуправа ќе спроведе мапирање на сите јавни установи кои користат обновливи извори на енергија (ОИЕ).

Во урбаното јадро на Карпош повеќе нема јавна институција која се грее на нееколошки начин (фосилни горива). Пред две години целосно се промени и системот за греење на градинката „Пролет“ во Влае, која од нафта премина на термални пумпи.

Токму поставувањето на зелени налепници на ваквиот тип на објекти, ќе придонесе за подготовка на регистар на објекти кои користат ОИЕ. Но, придобивки ќе имаат и самите детски градинки и основни училишта, кои ќе бидат поконкурентни на меѓународните повици за проекти.

Општина Карпош е првата единица на локална самоуправа која ја започнува оваа иницијатива, во соработка со Македонското здружение за сончева енергија – „Солар Македонија“. Токму за оваа цел беше потпишан и меморандум за соработка меѓу градоначалникот Стефан Богоев и претседателот на здружението проф. д – р Илија Насов. Овој проект е поддржан од УСАИД и намерата е да се преслика и во други општини.

Предвидено е оваа иницијатива да започне од следниот месец. Основната цел е да се мотивираат што е можно повеќе институции и во други општини и градови да инсталираат енергетско – ефикасни уреди, да ги заменат нееколошките системи за греење, да имаат пониски трошоци и да придонесат за заштита на животната средина.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте