HomeМинистерстваМОН: Стипендии за студии од прв, втор и трет циклус на студии...

МОН: Стипендии за студии од прв, втор и трет циклус на студии во Турција

spot_img
spot_img

Амбасадата на Република Турција во Скопје известува дека Центарот за меѓународно истражување по морско право (ДЕХУКАМ) во рамките на Универзитетот Анкара, петта година по ред овозможува запишување на студенти од Република Северна Македонија на студиски програми од прв, втор и трет циклус, за што, постои можност и за добивање на стипендија.

Академската 2022-2023 година ќе започне во септември 2022 година, а ќе заврши во јуни 2023 година.

Повеќе информации во врска со студиските програми сите заинтересирани можат да обезбедат преку интернет страницата на ДЕХУКАМ http://dehukam.ankara.edu.tr/. Додека информации во врска со можностите за стипендирање се достапни на следниот линк https://www.turkiyeburslari.gov.tr, каде воедно и се аплицира најдоцна до 20 февруари.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте