Овој предлог-закон ние го предлагаме од повеќе причини. Платите на фунционерите се многу поголеми од просечните плати на македонските граѓани, а условите за добивање на таканаречената “апанажа” ги става граѓаните на Република Македонија во нееднаква положба.
По член 9 од Уставот, тоа претставува еден вид на дискриминација по класно, социјално и имотно-опшествена положба, затоа што условите за функционерите, конкретно пратениците се речиси никакви, само со некој минимален стаж за да добиете целосна апанажа, вие треба да имате само две години стаж. Додека за обичните работници се наведени таксативно десет-дванаесет услови, кои што тие мора да ги исполнуваат за да добијат било каков надоместок и тој надоместок им е ограничен само на 50%, додека фунционерите земаат 100% апанажа.
Ние имаме тука ситуација, министри кои што се милионери по дефиниција, бараат апанажа. Имат милионски суми во нивните анкетни листови, значи тоа се милионски имоти, а сепак бараат апанажа. Буквално државата да ги издржува и тоа во практично една од најсиромашните или најсиромашната земја во Европа е апсолутно недозволиво.”
Обраќање на пратеникот Борислав Крмов за поднесениот предлог – закон за укинување на апанажа.
Извор: ЛЕВИЦА