? Започна да се реализира исплатата на еднократниот додаток за семејствата со прваче во општина Валандово, како еден од чекорите кон солидарна и инклузивна заедница која поддржува и дава шанса на секого.
Се работи за мерка која се воведува за прв пат во нашата општина и ќе се реализира секоја наредна година. Истата, е донесена со Одлука на Советот на општина Валандово и има за цел да ги олесни почетните трошоци на семејствата за своите првачиња.
? Образованието е основата за се што сме денес и се што ќе создадеме во иднина. Заеднички, креираме систем кој поттикнува, поставува приоритети и преку дијалог трасира пат кон нови цели.
Извор: Општина Валандово