Претседателката на Советот на Општина Куманово и раководителот на Сектор за образование при Општината одржаа работна средба со професорот Филип Петровски и членовите на оркестрот при СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово.
На средбата се дискутираше за претстојните музички манифестации во градот, а членовите на овој оркестар имаа можност да ги презентираат своите идеи и искуството, стекнато од досегашните девет настапи. Како новина и уметничка свежина во нашиот град, беше истакнат нивниот незапирлив ентузијазам, благодарение на префинетиот класичен звук.
На денешната работна средба беше најавена и организација од нивна страна на одбележувањето на Св.Трифун.
Извор: Општина Куманово