spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали го посети Државниот Универзитет во Тетово

МЗ: Министерот Сали го посети Државниот Универзитет во Тетово

Министерот за здравство, Беким Сали го посети Државниот Универзитет во Тетово, каде се сретна со ректорот, проф. д-р Решат Ќаили.

За време на средбата се разговараше за можностите за развој и унапредување на дејноста на Медицинскиот факултет на овој Универзитет и Клиничката болница во Тетово, како и за потребата од нивно просторно проширување.- Во време кога во светски рами се соочуваме со ковид пандемијата, секако дека и ДУТ има за цел да се прилагоди на барањата на времето, за да одговори на институционалната обврска што не обврзува сите.

Како министер за здравство се заложив дека ќе бидам во служба на овој едукативен центар и на клиничката болница, бидејќи имаме обврска да им служиме на институциите и на граѓаните воопшто – истакна министерот Сали.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...