Со Законот за наставници кој тие го туркаат се овозможува партизација и се руши стручноста.
Со предлогот на СДСМ се укинува приправничкиот стаж.
СДСМ само го урива нивото на образованието, и не го подобрува воопшто квалитетот на наставата, ниту пак условите за просветните работници.
Доколку владата беше искрена со наставниците таа ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, со кој ќе се постигне нивелирање на платите, па наставник во основно и средно школо ќе зема до 45 илјади денари, тоа го овозможува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој го одбиваат.
СДСМ и Ковачевски покажаа дека не им се важни наставниците, туку партиската агенда за партизација на образованието.
Извор: ВМРО ДПМНЕ