Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера присуствуваше на свеченоста по повод 60 години од постоењето на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.
Положи свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор, а потоа ја проследи приредбата на учениците, како и промоцијата на документарниот филм посветен на училиштето. Во склоп на одбележувањето на јубилејот, во училишната спортска сала се одржува и крводарителска акција.
Вчерашната посета на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, градоначлникот ја искористи и да изврши увид во градежните активности кои тука се одвиваат и на учениците ќе им овозможат унпредување на условите за работа. Имено, реконструкцијата на овој училишен објект опфаќа промена на кровната конструкција, поставување на нова термоенергетска фасада, како и изградба на лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети.
Предвидена е и изградба на паркинг места за овие лица и дактилни патеки во дворот на објектот. Со тоа, ООУ “Кузман Јосифовски Питу” ќе стане првото целосно инклузивно училиште во Скопје.
Извор: Општина Кисела Вода