spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: 61-от роденден ООУ “Кузман Јосифовски Питу” ќе го дочека реновирано...

Кисела Вода: 61-от роденден ООУ “Кузман Јосифовски Питу” ќе го дочека реновирано и целосно инклузивно

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера присуствуваше на свеченоста по повод 60 години од постоењето на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.

 

Положи свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор, а потоа ја проследи приредбата на учениците, како и промоцијата на документарниот филм посветен на училиштето. Во склоп на одбележувањето на јубилејот, во училишната спортска сала се одржува и крводарителска акција.

 

 

 

Вчерашната посета на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”,  градоначлникот ја искористи и да изврши увид во градежните активности кои тука се одвиваат и на учениците ќе им овозможат унпредување на условите за работа. Имено, реконструкцијата на овој училишен објект опфаќа промена на кровната конструкција, поставување на нова термоенергетска фасада, како и  изградба на лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети.

Предвидена е и изградба на паркинг места за овие лица и дактилни патеки во дворот на објектот. Со тоа, ООУ “Кузман Јосифовски Питу” ќе стане првото целосно инклузивно училиште во Скопје.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

 

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...