spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Реконструкција на пензионерскиот дом во Огњанци

Петровец: Реконструкција на пензионерскиот дом во Огњанци

Општина Петровец изврши целосна реконструкција на пензионерскиот дом во населено место Огњанци.

По тој повод на покана на претседателот на здружението на пензионери од Огњанци Живорад Трајковиќ, градоначалникот Борче Митевски присуствуваше на средбата со пензионерите.

На оваа мала свеченост присуствуваше и претседателот на здружението на пензионерите на Општина Гази Баба г-дин Ѓорѓе Андонов.

Градоначалникот Митевски на пензионерите им поклони реквизити за забава (шаховски табли и лопатки за пинг-понг) каде пензионерите секојдневно ќе имаат можност меѓусебно да се забавуваат и дружат.

Општина Петровец секогаш се грижела како за најмладите така и за највозрасните жители на општината – пензионерите.

 

 

 

 

Извор: Општина Петровец 

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...