Министерот за здравство, Беким Сали заедно со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри, одржа онлајн средба со плодна дискусија и размена на искуства за борбата против Ковид-19.
На оваа средба свои стручни мислења разменија претставници од италијанскиот Институт за здравје и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Посебно значајна за нашиот здравствен систем е оваа поддршка кога се уште се соочуваме со заеднички предизвик, а оваа средба е токму во насока на унапредување на системот за подготвеност во справувањето со Ковид 19.
Извор: Министерство за здравство