spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Заменик-министерот присуствуваше во хоспис центарот Сју Рајдер во Битола

МЗ: Заменик-министерот присуствуваше во хоспис центарот Сју Рајдер во Битола

Во хоспис центарот Сју Рајдер во Битола, кој е дел од Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 ноември” Скопје, беше свечено отворен интернистички кабинет со дневна болница, кој покрај здравствената грижа за хоспитализираните пациенти ќе нуди и здравствени услуги за останатите пациенти со закажување прегледи преку системот ,МојТермин.

На присутните вработени и гости се обрати директорката, д-р Салија Љатиф Петрушовска, која даде осврт на динамиката и заокружувањето на оваа инвестиција.

На настанот присуствуваше и заменикот министер за здравство, д-р Владимир Рендевски, кој ја истакна важноста на овие интернистички амбуланти во рамки на ваквите установи за палијативна и гериjaтриска нега од значење што значително ја олеснуваат здравствената услуга за овие хоспитализирани пациенти.

Рендевски во име на Министерството за здравство ја потенцираше поддршката за отворање и невролошки кабинети во овие установи, бидејќи голем дел од згрижените пациенти имаат и придружни болести на нервниот систем.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...