spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСДСМ до Арсовска: Дали поради диловите на Мицкоски за автобуси е прекинат...

СДСМ до Арсовска: Дали поради диловите на Мицкоски за автобуси е прекинат проектот БРТ?

Почитувани граѓани,

Вчера, Христијан Мицкоски јавно кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје.

Оваа изјава е основа за можна корупција и криминал.

Затоа, пред просториите на Град Скопје ја прашуваме градоначaлничката Данела Арсовска:

Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси?

Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име?

И клучно:

Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД?

Од ЕБРД не се добиваат тендери.

Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски.

Граѓаните очекуваат одговори и дали претседателот на Советот Трајко Славевски бил вклучен во оваа партиска операција?

Почитувани,

Вака Груевски преговараше со Јанкуловска за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска и корумпирана партија од времето на Никола Груевски.

Граѓаните очекуваат одговори од Арсовска.

СДСМ внимателно го следи овој скандал и ги повикува надлежните институции да го разгледаат и да постапат.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...