spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Донација од основните училишта

Карпош: Донација од основните училишта

Преставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, денеска ја врачија донацијата од фирмата „Индивиа“, која е наменета за учениците од Карпош кои доаѓаат од социјално загрозени семејства како и за децата на самохрани родители. Поточно, станува збор за медицински суплементи за секојдневна употреба, кои ќе се искористат како превентивна мерка во насока на заштита на здравјето на децата.

Донацијата од 100 сирупи и 100 орални спрејови (во вредност од 131.000 денари), вклучува орални спрејови за поддршка на имунитетот во зимски услови, потоа, сирупи за превенција од настинка, вируси и грип, како и сирупи за ублажување на првите симптоми при синусни воспаленија. По тој повод, стручни лица од осум основни училишта на територија на општина Карпош ги презедоа пакетите со медицински суплементи, кои потоа ќе ги предадат на родителите на учениците.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...