Меморандум за соработка потпиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со Здружението за едукативни и хуманитарни активности, “Визија плус”.
Реализација на заеднички проекти во насока на подобрување на општествените вредности и националната кохезија, спроведување на хуманитарни и едукативни активности, се постулатите кои се дефинирани во овој документ и чие спроведување е договорено преку оваа соработка.
-Поттикнувањето на мерки и вредности кои имаат за цел постигнување на севкупен напредок во Општина Кисела Вода, но и пошироко, во цела Македонија, е наша желба, но и обврска кон нашите граѓани. Оттука, потпишувањето на Меморандум за соработка со здружението со кое делиме исти заложби за промовирање и унапредување на животот и меѓучовечките односи, за афирмација и промовирање на културните и моралните вредности во јавниот живот, само ја потврдуваат јасната насока кон која ќе се движи оваа локална самоуправа, во интерес на сите свои жители-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Здружението за едукативни и хуманитарни активности, “Визија плус”.
Извор: Општина Кисела Вода