spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Целосно реконструирана кујна во градинката „Буба Мара“

Аеродром: Целосно реконструирана кујна во градинката „Буба Мара“

Пуштена е во употреба целосно реконструираната кујна во објектот „Пчелка 2“ во населба Лисиче, во рамките на детската градинка „Буба Мара“.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, извршија увид на кујната која е за прв пат обновена од изградбата на објектот во 1980 година.

Реконструкцијата на кујната, која е со површина од 67 квадратни метри, опфати целосна замена на електричната и водоводната инсталација, плочките, таванот, како и сите врати.

„Децата мора да престојуваат во здрава и пријатна средина, затоа што тие се нашата иднина. Обезбедувањето квалитетни услови за нивни безбеден раст и развој остануваат наш врвен приоритет“, рече градоначалникот Марин при денешниот увид на реконструираната кујна.

Претседателката Цветковска истакна дека Советот на Општина Аеродром несебично се залага за поддршка на развојните проекти што овозможуваат подобрување на условите за најмладите.

„И во иднина безрезервно ќе ги поддржуваме сите проекти со кои на нашите најмили ќе им обезбедуваме безгрижно и безбедно детство“, истакна Цветковска.

Реконструкцијата на кујната е дел од првата фаза, а со проектот во втората фаза е предвидена реконструкција и обновување на подовите во занималните и во сите други простории во објектот „Пчелка 2“. Ќе бидат поставени нови ПВЦ-подови, кои се антиалергени и антибактериски.

Општина Аеродром продолжува активно да работи на подобрување на условите во градинките и училиштата.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...