spot_img

Аеродром: Нови 200 садници во дворот на ООУ „Љубен Лапе“

ОпштиниАеродром: Нови 200 садници во дворот на ООУ „Љубен Лапе“

Најчитано

Нови 200 садници се засадени во дворот на ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром.

Садниците се поставени во вид на жива ограда во должина од 160 метри, која покрај естетска, има и еколошка функција. Оградата се граничи со улицата „Васко Карангелески“, како и во делот покрај паркингот на училиштето.

Саднците се донација од Прокредит банка во рамките на нивната општествено -одговорно кампања „Се грижам, дејствувам, менувам“.

На засадувањето присуствуваше претседателката на Советот, Ивана Цветковска, која изрази голема благодарност за донацијата.

„Општина Аеродром редовно организира акции за засадување и зазеленување, при што досега достигнавме бројка од над 10 000 садници на разни локации низ општината. Се радуваме и ја поддржуваме секоја иницијатива што придонесува за почиста и позелена животна средина“, истакна претседателката Цветковска.

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе