Аеродром: Се интензивира руралниот развој на Долно Лисиче

ОпштиниАеродром: Се интензивира руралниот развој на Долно Лисиче

Најчитано

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, оствари работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, во просториите на Министерството.

 

На средбата беа договорени конкретни чекори во форма на акциски план што ќе следуваат во наредниот период.

 

Притоа беше презентирана работната верзија на стратегијата за рурален развој на Долно Лисиче како составен дел на Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром, кој опфаќа основање подрачна единица на ресорното министерство во Долно Лисиче.

 

Во тој контекст ќе се иницира и поддршка на акциони групи (ЛАГ-ови) согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. Министерот ја истакна желбата за заемна соработка и најави целосна посветеност за реализацијата на предложената стратегија за рурален развој на Долно Лисиче со преземање директни активности.

 

Градоначалникот Марин се заблагодари за поддршката и посочи дека подрачната единица е од огромно значење за жителите на Горно и Долно Лисиче кои се занимаваат со овие дејности. Со оваа подрачна единица ќе се доближи ресорното министерство со цел подобрување на условите за работа на тамошното население.

 

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе