spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Граѓанска трибина за новата концепција во основното образование

Ѓорче Петров: Граѓанска трибина за новата концепција во основното образование

Во организација на општина Ѓорче Петров, во холот на ООУ ,,Мирче Ацев“ се одржа граѓанска трибина на тема: Новата концепција во основното образование.

На трибината учествуваа директорките од општинските основни училишта, наставници кои веќе беа опфатени со обуки за новата реформа на основното образование, претседател на советот на родители и претставник од советот на родители чие дете во 2021/2022 ќе посетува четврто одделение, родители и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Новата концепција ја претстави Гордана Несторовска, педагог во ООУ ,,Јоаким Крчовски“-Волково и национален обучувач за новата концепција за основно образование за наставници во основните училишта.

На трибината се разви конструктивна дискусија. Дел од родители сметаа дека со дигиталните учебници нивните деца ќе поминуваат повеќе време пред електронските уреди чие зрачење е штетно за здравјето на децата. Но, на ова им беше објаснето дека децата подолго време ќе поминуваат во училиште каде ќе ги завршуваат и домашните работи, со што се намалува потребата од користење на дигиталниот учебник а со тоа и на електронскиот уред во домашни услови.

Присутните наставници потенцираа дека можноста да ги вклучуваат учениците во разновидни активности за време на учењето ги прави дигиталните учебници интерактивни, атрактивни и стимулативни наставни средства. Нивната интерактивност може да се зголеми на тој начин што учебниците ќе бидат „програмирани“ така да им даваат повратна информација на учениците за точноста на одговорите на прашањата и задачите кои им ги поставуваат и да ги водат кон дополнителни активности кои се прилагодени на нивниот напредок во учењето и нивото на постигања на очекуваните резултати.

Едно од барањата на учесниците беше и обезбедување на електронски уреди и учебници во хартиена испечатена форма за сите деца без оглед на нивниот социјален статус.
Несторовска детално ги образложи столбови на новата концепција: целите на основното образование, инклузивноста, родовата рамноправност односно сензитивност и интеркултурноста.

Во дискусии со присутните беше истакната потребата учениците во основното образование да се научат како да учат во натамошното образование и во животот воопшто; како критички да размислуваат, да го практикуваат наученото, како да се развива претприемачки дух кај нив…
Новата концепција за образование ќе се спроведува етапно до 2025 година. Стартува во учебната 2021/2022 година во прво и четврто одделение.

Трибината беше реализирана со спроведување на мерките и протоколите за заштита од ковид-19.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...