spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион за изработка на Просторен...

МЖСПП: Состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион за изработка на Просторен план на РСМ

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, имаше координативна средба со гадоначалниците на дел од општините од Вардарскиот плански регион, на тема изработка на Просторен план на Република Северна Македонија.

 

Заменик министерката Оџаклиеска во своето обраќање истакна дека очекува конструктивен придонес од страна на сите засегнати страни во процесот на изработка на Просторниот план, со цел да се обезбеди подобар и поквалитетен живот за сите.

 

– Наша цел е да ги осознаеме реалните потенцијали на просторот за креирање на одржливи плански решенија, бидејќи добрите плански решенија секогаш имаат брза, квалитетна и успешна реализација и секако широка поддршка од јавноста. Со овој процес покажуваме иницијатива за соработка со единиците на локалната самоуправа бидејќи само преку заедничко делување можеме да ги надминеме проблемите поврзани со организација, користење, заштита, уредување и рационално користење на просторот во нашата земја – додаде Оџаклиеска.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте