spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали се сретна со амбасадорот на Чешка, Лудва

МЗ: Министерот Сали се сретна со амбасадорот на Чешка, Лудва

Во пријателска и конструктивна атмосфера беше средбата на министерот за здравство, Беким Сали со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва. На средбата стана збор за размена на искуства и предизвиците со кои се соочуваат двете земји во справувањето со пандемијата.

 

Заеднички беше договорено оваа соработка во иднина да продолжи и да се продлабочи, со акцент на обуки на медицински персонал, како и евентуална помош од донации доколку е тоа неопходно.

 

Министерот Сали изрази благодарност за посетата на амбасадорот Луда, со надеж дека овие средби ќе продолжат и во иднина, надградувајќи ја досегашната соработка во здравството меѓу двете држави.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте