spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити се сретна со новата директорка на РеСПА(Регионална школа за...

МИОА: Министерот Алити се сретна со новата директорка на РеСПА(Регионална школа за јавна администрација)

Тековните и идните активности на МИОА во однос на реформата на јавната администрација и дигитализација, како и останатите реформски процеси на патот кон ЕУ.

Ова беше во фокусот на вчерашната работна средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и новата директорка на РеСПА Маја Ханџиска Трендафилова.

Беше констатирано дека реформските процеси се одвиваат во вистинска насока, при што од страна на директорката на РеСпа беше посочено дека силната поддршка ќе продолжи и во наредниот период.

РеСПА е меѓународна организација создадена на иницијатива на Европската унија и земјите од Западен Балкан. Во нејзината работа е содржано поттикнување и зајакнување на регионалната соработка помеѓу земјите-членки во областа на јавната администрација, управување со човечките ресурси и реформа на државните служби.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...