Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.58 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.98 % има секторот Ѓ – Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.39 %.
Скопскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.80 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2 103, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Извор: Државен завод за статистика