spot_img
spot_img

АМС: Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Самостојни органиСамостојни државни органиАМС: Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Најчитано

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Македонија.

На промоцијата, која се одржа во просториите на Дирекцијата на АД „Пошта на Македонија“– Скопје, присуствуваше генералниот директор Јани Макрадули и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест.

– Се надевам дека до почетокот на отворањето на ЕП ќе собереме сили што повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт. Како спортист знам дека не е исто, да се игра со полни и пред празни трибини, изјави Мојсовски.

Mакедонската фудбалска репрезентација обезбеди прв историски настап на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во повеќе градови низ Европа.

Извор: Агенција за млади и спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе