Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2021 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 943 964 лица, од кои вработени се 793 121, а 150 843 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 56.0, стапката на вработеност 47.1, додека стапката на невработеност изнесува 16.0.
Извор: Државен завод за статистика