spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Во соработка со УСАИД - Сајбер безбедност на критична инфраструктура

МИОА: Во соработка со УСАИД – Сајбер безбедност на критична инфраструктура

“Технологијата има потенцијал да ја подобри демократијата, да ја зголеми нејзината ефикасност, да ја направи поотворена, поодговорна, потранспарентна и поприсутна за граѓаните, за бизнисите, за сите нас. Но, од друга страна, технологијата може да се манипулира и може да се користи за злонамерни цели” , рече министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири на средбата со претставници од повеќе министерства.

Со цел зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност на државата, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) на Република Северна Македонија и УСАИД во соработка со Тетра Тек ЕС, АД (Тетра Тек) – американска компанија, продолжуваат со активности поврзани со критична инфраструктура и подобрување на сајбер безбедноста во земјата.

Владата на Република Северна Македонија е посветена на подобрување на превенцијата, подготвеноста, одговорот и закрепнувањето од заканите за сајбер-безбедноста врз критичната инфраструктура и клучните ресурси, како што се енергетските комунални услуги, ИКТ мрежите и финансиските институции.

Преку оваа соработка, МИОА ќе ги координира клучните актери во Северна Македонија, вклучително и Владата и приватниот сектор, за заштита на критичната национална инфраструктура од сајбер напади.

“Оваа соработка ќе ги зајакне човечките и технолошките капацитети за сајбер безбедност низ критичните инфраструктурни субјекти и клучните ресурси, ќе ги подобри комуникациските протоколи за сајбер безбедност низ секторите и ќе ја зголеми отпорноста и подготвеноста на државата да се справи со закани по сајбер безбедноста” истакна министерот Шаќири.

На средбата со претставници од повеќе министерства се разговараше за досегашните активности, а се дискутираше и за наредните активности во текот на 2021 година.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...