Во една простирија на стариот амам на градот започнаа почетоците на музејот за градот Дебар. Оттука започнува остварувањето на сонот да имаме историски и културен музеј на Дебар.
Општината ќе вложи максимални напори преку проекти од областа на културата да изгради модерен и заслужен музеј за овој историски град. Ги повикуваме сите граѓани и бизнисмени иницијативата да биде од нас самите и таа потоа да прерасне и да се развие во вистинска културна институција.
Оние кои имаат разни артефакти за кои сметаат дека вреди да се изложат можат да дојдат во општината во единицата за општествени дејности. Добредојдени сте и за предлози и идеи.
Извор: Општина Дебар