spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииКовачевски: Иднината на младите е во ЕУ, немаме генерации за губење

Ковачевски: Иднината на младите е во ЕУ, немаме генерации за губење

СДСМ е државотворната партија која секогаш се водела од интересот на државата и националниот интерес. Политиката мора да обезбедува иднина за младите, а тоа значи долгорочна стабилност и економски напредок на државата. А иднината на младите македонски генерации е во ЕУ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето обраќање на петнаесеттиот Летен камп „Трајче Нешкоски“ во организација на СДММ.

Претседателот Ковачевски пред младите истакна дека последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ гарантира чиста формулација на македонскиот јазик, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Тоа значи излез од чекалната во која државата е цели 17 години и сигурна иднина.

„Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, тоа значи крај на сите идентитетски премрежја на македонскиот народ кои со векови наназад ги преживувал. Во ЕУ ќе бидеме Македонци кои говорат македонски јазик. Вие ќе бидете Македонци, Македонки, во ЕУ ќе биде официјален македонскиот јазик. Со ова се затвора еднаш за секогаш темата со идентитетот. Никој повеќе не може да ве оспорува, да ве негира, да ве омаловажува. Горди, свои на своето, во ЕУ. Така, на Вас, на младите што доаѓаат ќе им оставиме чист терен, извесна и сигурна иднина во која ќе се разговара за економија, за здравство, образование, за се она што е нормално и за што треба да се разговара во 21 век.

Немаме генерации за губење. Треба да бидеме мудри и одлуките што ги носиме да бидат во интерес на младите и идните генерации“, посочи Ковачевски додавајќи дека тврдењата дека ќе се загрозеле јазикот, историјата и македонскиот идентитет е само една голема лага од страна на структури решени по секоја цена, дури и по цена на насилства да и наштетат на државата.

Осврнувајќи се на младинските политики, претседателот Ковачевски порача дека СДСМ поставил пример за сите останати политички партии кога во прашање е застапеноста и вклученост на младите во носењето одлуки, мерки и политики.

„Заедно со СДММ, а често и по иницијативи на Младината досега спроведовме низа клучни проекти кои го подобруваат животот на нашите млади. Заедно се изборивме за намалена стапка на невработеност, по 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк, младински додаток од 3.000 денари за млади до 23 години вработени во производство, зголемени ученички, студентски и постдипломски стипендии“, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски им честиташе на сите учесници на 15иот Летен камп на СДММ повикувајќи ги да бидат гласни, активни, да се соочуваат со предизвиците, затоа што иднината е на младите.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...