spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВМРО-ДПМНЕ го поддржува народот кој масовно, достоинствено и гласно кажува Ултиматум-НЕ благодарам

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува народот кој масовно, достоинствено и гласно кажува Ултиматум-НЕ благодарам

Народот недвосмислено, масовно и достоинствено кажува НЕ на ултиматумот и уцените содржани во pредлогот, кој владата на Ковачевски е спремна да го прифати и на тој начин да дозволи бугаризација на Македонија.

Власта преку прифаќањето на предлогот прифаќа и менување на учебници, менување на историјата, на историските настани и ликови, менување на Устав и слични понижувања. Со еден збор Владата прифаќа Македонија или да биде вечен преговарач или апсолутна асимилација.
Залудни се обидите на власта преку провокатори и преку исценирање на меѓуетнички судири да ги контаминира протестите. Кога веќе владата ги распродава државните и националните интереси, тогаш народот преку мирни и достоинствени протести  ги штити.
Владата заради функции и фотелји е спремна на се, но тоа граѓаните го прочитаа и нема да им го дозволат.
Доколку власта реши да го турка овој процес насила, спротивно на волјата на народот, тогаш ВМРО-ДПМНЕ уверува нема да дозволи вакво национално предавство и ќе гласа против Уставни измени , кои се дел од уцените во ваквиот предлог.
Народот кажа Ултиматум-Не благодарам и овие сенародни протести и активности ќе продолжат и понатака, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува.

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...