На вчерашната 13-та седница на Советот на Град Скопје, е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова градинка во Општина Бутел.
Со оваа одлука инвеститорот Општина Бутел се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште кон Градот Скопје, за изградба на нова градинка во населбата Бутел 1 во Скопје, со цел изградба на нова градинка која е од јавен интерес и од исклучителна важност за граѓаните на овој дел од градот.
Извор: Град Скопје