spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: ЈСП Скопје воведува нова автобуска линија Радуша - Сарај

Град Скопје: ЈСП Скопје воведува нова автобуска линија Радуша – Сарај

Директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, вчера на седницата на Советот на Град Скопје за советнички прашања, најави дека претпријатието работи на воведување нова автобуска линија Радуша – Сарај.

Оваа линија се воведува по барање на околните жители, а по изготвената анализа која е во завршна фаза од страна на ЈСП Скопје. Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населбата Радуша со Сарај, а жителите од Радуша ќе имаат редовен превоз.

Директорот Стојковски на денешната седница истакна дека нема доцнење на редовните автобуски линии за општина Сарај и дека станува збор за редовна пракса на возење по летен возен ред со намален број линии.

Со цел подобрување на јавниот превоз, Град Скопје посветено работи на воведување на нови автобуски линии, а на денешната седница на Советот беше донесена одлука за воведување на две дополнителни редовни автобуски линии.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...