spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Балканскиот куп во стрелаштво – Тозкопаран Искендер

Гостивар: Балканскиот куп во стрелаштво – Тозкопаран Искендер

На градскиот парк во Гостивар се одржа финалниот натпревар на “Балканскиот куп во стрелаштво – Тозкопаран Искендер”.

На овој натпревар учествуваа 100 натпреварувачи од седум балкански земји, односно од Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска.

Настанот е организиран од Институтот „Јунус Емре“ и Турската фондација за стрелаштво и се одвива во категории за жени и мажи.

Овој куп доаѓа во нашиот град како дел од кампањата „Избери Гостивар“ која започна минатата година за промоција на градот.

По тој повод, градоначалникот, Арбен Таравари ги посети натпреварувачите и свечено го отвори почетокот на натпреварите во стрелаштво.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте