Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје делуваат на терен во Волково. По повеќе децении и жителите на ул. 3 добиваат услови какви што заслужуваат.
Асфалтирани се нови 3.500 м2, а со работа се продолжува интензивно и во наредниот период.
Добрата соработка со Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска резултираат со подобри услови за секојдневно функционирање на жителите на општина Ѓорче Петров.
Извор: Општина Ѓорче Петров