spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Во чест на Боби Петковски, Меѓународен меморијален турнир во кошарка

Гевгелија: Во чест на Боби Петковски, Меѓународен меморијален турнир во кошарка

Гевгелија, од 15 до 17 јули, 2022 година, ќе биде домаќин на Меѓународен кошаркарски турнир „Боби Петковски“, во организација на Општина Гевгелија, Кошаркарската федерација на Македонија и КК „Кожув“. На овој прв Меморијален турнир во кошарка, во чест на Боби Петковски, тренер на младинските категории на КК „Кожув“, кој прерано го напушти животот, учество ќе земаат машки репрезентации до 18 години на: Македонија, Бугарија, Грција и Црна Гора. Натпреварите ќе бидат одиграни во Спортската сала „26 Април“, дневно по два натпревара. Влезот е слободен.

 

Меѓународниот кошарскарски турнир ќе започне со дуелот помеѓу репрезентациите на Црна Гора и Бугарија во 17:00 часот, а во 19:00 часот помеѓу Македонија и Грција. На 16 јули, ќе се натпреваруваат Грција и Црна Гора со почеток во 17:00 часот, а Македонија и Бугарија со почеток во 19:00 часот. Со натпреварите помеѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора со почеток во 17:00 часот и Бугарија и Грција во 19:00 часот, на 17 јули ќе биде затворен овој прв Меморијален турнир во кошарка „Боби Петковски“.
Организирањето на Меморијалниот турнир во кошарка помеѓу репрезентациите М-18 на Македонија, Грција, Бугарија и Црна Гора беше договорено на средбата помеѓу градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и спортскиот директор на КК „Кожув“- Гевгелија, Драган Лазаровски со Перо Антиќ, претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Градоначалникот Сарамандов го истакна своето задоволство што Гевгелија со организацијата на Турнирот ќе му оддаде почит на Боби Петковски, кој со неговиот ентузијазам вложуваше во развивањето на спортскиот дух и ја негуваше кошаркарската љубов кај младите.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте