Општина Крушево објавува јавен оглас за продажба на три возила: Опел Вектра, Рено Канго и ФАП.
За купување на овие возила можат да се пријават сите правни и физички лица. Деталите во однос на пријава за учество во јавно наддавање заедно со останатите услови и информации за огласот можете да ги најдете во документот подолу.
„Со оттуѓување на овие возила сакаме дополнително да заштедиме во време на криза. Исто така, на општината и на ЈП „Комуна“ Крушево им се потребни возила кои ќе бидат понови и со тоа поекономични. Ова е време во кое мора трошоците да се сведат на минимум, но истовремено обврските остануваат исти или се зголемуваат.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Извор: Општина Крушево