Со задоволство се обратив на отварењето на воведната работилница на национало ниво за новиот регионален проект „ЕУ за зелено опоравување: Поддршка на имплементацијата на Зелената агенда за Западен Балкан“ финансиски поддржан од Европската Комисија, а имплементиран од Австриската агенција за животна средина.
Посебна благодарност упатив до ЕУ за поддршката особено во спроведувањето на Зелената Агенда и амбициозните националните цели за намалување на климатските промени, што бараат покрај добра стручна подготвеност и многу финански средства.
Зелената агенда за Западен Балкан го поттикнува зелениот раст на Западен Балкан и економската конвергенција со ЕУ на државите од овој регион, преку поддршка во нејзината имплементација, во позеленување на нивните економии и во подобрување на мониторингот и известувањето, во консултација со сите релевантни партнери. При тоа акцентот е ставен на неколку области – Декарбонизација: клима, енергија, мобилност, Дезагадување: воздух, вода и почва, Биодиверзитет: заштита и реставрација на екосистемите, Циркуларна економија и Одржливо земјоделство и производство на храна.
Вредноста на проектот е 11 милиони евра, а ги вклучува Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.
На воведната национална работилница се обратија и австрискиот амбасадор Н.Е. Георг Вуцас, претставници од ЕУ Делегација како и претставници на Австриската агенција за животна срединa.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање