spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedГази Баба: Пуштен во употреба мултифункционалниот парк во Маџари - Триангла

Гази Баба: Пуштен во употреба мултифункционалниот парк во Маџари – Триангла

Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорката на Макстил Марија Дуковска Павловска го пуштија во употреба мултифункционалниот парк во Маџари-Триангла кој се простира на површина од над 2000 метри квадратни и ги има следните содржини: парк за миленици, фитнес зона со справи за вежбање, детски парк опремен со реквизити за игра и забава.

Целиот простор е хортикултурно уреден со автоматски систем за наводнување, а соодветно е осветлен и уреден со патеки од павер елементи, фонтана, летниковец, клупи и друга урбана опрема.

Паркот е изграден со партнерство помеѓу општина Гази Баба и Макстил, за што јавно се заблагодаруваме на оваа компанијата за покажаната општествена одговорност.

Најавуваме дека од денес започнува и реализацијата на нов проект за изградба и реконструкција на седум спортски игралишта со современа тартан подлога и подлога од вештачка трева.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...