Општина Штип ја одржа форумската сесија во врска со проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците“, во реализација на Општина Штип и во соработка со УНДП.
На првата форумска сесија учесниците имаа можност да се запознаат со форумскиот процес и да дискутираат за приоритетните проблеми, а воедно и да предлагаат решенија со цел да се подобри животот во општината.
Извор: Општина Штип