Во текот на денешниот ден, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари заедно со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман, министерката Јована Тренчевска како и претставникот на УНДП, Армен Григорјан, го промовираа мултифункционалниот центар за лицата со посебни потреби.
Преку Центарот ќе се реализираат социјални услуги во домот и заедницата кој ќе овозможи интегрирање и испорачување на повеке различни социјални услуги во насока на задоволување на потребите на лицата со попреченост и нивните семејства од Полошкиот регион.
Центарот се наоѓа таму каде што се гради Центарот за аутизам „Blue Pazzle“, прв во регионот, а каде успешно функционира и младинскиот центар „iCan“.
Лицата со посебни потреби остануваат приоритет на општина Гостивар.
Извор: Општина Гостивар