Наредните денови започнува изградбата на улица „Моша Пијаде“ и инфраструктурно поврзување со регионалниот пат.
Улицата е со должина од 400 метри, ширина од 5.5 метри, со предвидени тротоарски површини и канализирање на атмосферските води.
Се работи за капитален проект кој овозможува нов влез во населеното место, решавање на приоритетен проблем и значајно подобрување на условите за живот, на голем број граѓани.
Извор: Општина Валандово