spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Билатерална средба со претставници од амбасадата на САД

УЈП: Билатерална средба со претставници од амбасадата на САД

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска се сретна со шефот на политички и економски оддел, Кристофер Зимер, Јордан Дамчевски – советник за економски прашања, и Митко Бурчевски – советник за политички прашања при амбасадата на САД во земјава.

Тема на состанокот беше модернизација и дигитализација на УЈП а се разговараше и за поддршката која во изминатите години ја добива Управата за јавни приходи преку меѓународните организации ММФ и Светска банка. На состанокот се презентираше и реформата за дигитализација и модернизација на УЈП, а се разгледаа и можностите за следна соработка која ќе овозможи заокружување на реформскиот процес на институцијата.

Присутните се согласија дека ваквите билатерални средби, отвораат нова можност за меѓусебна соработка, и овозможуваат бенефит да почувствуваат бизнис заедницата и граѓаните.

Управата за јавни приходи ќе продолжи да гради партнерски односи и да ги модернизира процесите се со цел исполнување и прилагодување на институцијата кон светските даночни трендови.

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...