spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со градоначалничката на Општина Измит, Фатма...

Охрид: Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со градоначалничката на Општина Измит, Фатма Каплан Хуриет

Протоколарна средба, денес, оствари градоначалникот Кирил Пецаков со градоначалничката на Општина Измит, Република Турција, Фатма Каплан Хуриет.

На средбата беше потенцирана веќе добрата воспоставена соработка помеѓу Охрид и институциите и општините од Турција. Соговорниците разговараа за размена на искуства во областа на туризмот, но и за воспоставување соработка и во други области.

Договорено беше да се организира и возвратна посета на Измит од страна на делегација од Општина Охрид со цел унапредување на меѓусебната соработка.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...