Новиот Национален план за управување со квалитет 2023-2025, МИОА како национална контакт точка и ресорен центар за управување со квалитет, го прави со поддршка на програмата ,,In-country support“, на Регионалната школа за јавна администрација ReSPA., која со обезбедување на експертиза го помага процесот на дефинирање на активностите кои ќе ги содржи Националниот план.
Главна цел на овој Национален план за управување со квалитет 2023-2025 е подобрување на ефикасноста на работењето на институциите и давањето услуги кон граѓаните.
Се одржува првиот состанок на работната група каде што членовите ќе дадат свој удел во изготвувањето на Националниот план, а активностите ќе бидат внесени и во новата Стратегија за реформа на јавната администрација.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација