Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, заедно со вицепремиерката Славица Грковска, како и претставници од УСАИД и Академијата за е-Влада, одржаа координативен состанок за активности во областа на сајбер безбедноста.
“ Подобрувањето на информациската инфраструктура како еден од основните елементи, развојот на законската регулатива како и зголемувањето на свеста за важноста на сајбер безбедноста беа во фокусот на нашата средба, “ рече министерот Алити.
На крај, тој подвлече дека разговарале и разговаравме за видовите активности кои се спроведени со цел да се спречат сајбер нападите.
Странките се договорија повторно да се сретнат за да преземат други акции кои и помагаат на државата и на граѓаните во оваа насока.