spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Поддршка за унапредување на процесот на дигитализација

МИОА: Поддршка за унапредување на процесот на дигитализација

Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација министерот Јетон Шаќири оствари работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Жанг Зуо.

За време на состанокот со кинескиот амбасадор се разговараше за можноста за продлабочување на соработката меѓу нашите две земји во ИТ секторот.

“Потенцијалот на Народна Република Кина во однос на ИТ инвестициите е огромен. Исто така помошта што оваа земја може да ја понуди во форма на консултации во ИТ секторот е многу добредојдена” рече Шаќири.

Министерот Шаќири му се заблагодари на кинескиот амбасадор за досегашната поддршка во процесот на дигитализација и за укажаната помош во периодот на пандемијата. Состанокот заврши со заложба за продлабочување на соработката во иднина.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...